Заев со повик до македонската дијаспора: „Гласајте вечерва за Гарванлиев!“
Објавено на 18 мај, 2021 во 19:52
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/Gavranlievsologo-fin.jpg)
Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија” под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”, истакна премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа „Фејсбук”.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/Zaev-fin.jpg)
Порача дека треба да застанеме гордо до него.
-Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!, напиша Заев.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)