Железничкиот сообраќај во прекин, бојкот на вработените поради неисплатен надомест
Објавено на 11 март, 2022 во 11:54
Бојкотот на персоналот на „Железници транспорт“ поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што требал да го добие заклучно со вчера, утрово го блокираше Железничкиот сообраќај.
Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.
Тој вели дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.