Кинези го превземаат најголемото грчко пристаниште
Објавено на 21 јануари, 2016 во 09:33
Грчката агенција за приватизација ја прифати вчера понудата на кинеската компанија Коско груп за купување на 67 одсто од пристаништето Пиреј, пишува Фактор.
Понудата е прифатена откако таа фирма го зголемила износот на 368,5 милиони евра.
Кинеската компанија била единствена која дала обврзувачка понуда за најголемото грчко пристаниште минатата недела, а грчката Агенција псле тоа побарала подобрена понуда.
Покрај купувањето на 67 одсто од пристаништето Пиреј, Коско ветил дека во наредните пет години ќе вложи 350 милиони евра.