Поради штрајк откажани 640 летови во Германија
Објавено на 10 јануари, 2019 во 10:52
Синдикатот на јавниот сектор „Верди’ води преговори во име на 23.000 припадници на обезбедувањето во Германија.
Повеќе од 640 летови се отажани денеска во германија поради штрајкот на службите за безбедност на аеродромите во Дизелдорф, Келн и Штудгарт, за да се изврши притисок на управата во текот на преговорите за платата.
Од 1.054 планирани петови откажани се 640, соопштија од воие аеродроми, со напомена дека ќе има големи доцнења на сигурносните пунктови. Низ овие аеродроми дневно поминуваат 115.000 патници.
Синдикатот од каде преговараат за заработката, бараат зголемување на сатницата на 20 евра.
Штрајкот на берлинските аеродроми „Шенефелд’ и „Тегел“ во понеделникот на 7 јануари, предизвика доцнење и откажување на летови.