Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zgradanaEU

Европската Унија не треба да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, пишува „Фајненшал Тајмс“.

Европската унија, како што стои во тексот, е опасно блиску да направи уште една историска грешка на Балканот.

-Владите на членките на ЕУ треба да донесат одлука на самит во јуни дали ќе одобрат отворање на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Одлуката треба да биде донесена едногласно за да биде спроведена. Неколку влади, меѓу кои на чело се Франција и Холандија, покажуваат неволност кон следната фаза од проширувањето на ЕУ. Тоа го прават, во голема мера, за да се заштитат себеси од критиките на противниците во нивните земји, наведува „Фајненшал Тајмс“.

Во текстот е посочено дека Франција бара од ЕУ да се фокусира на внатрешни реформи и на зајакнување на еврозоната и притоа да избегне чекори кои би можеле да ја зголемат поддршката во Европа на десничарите и на популисите кои се борат против естаблишменот. Но, доколку противниците успеат во нивните намери, тогаш се јавува ризик за поттикнување на тензии за кои ЕУ вели дека сака да ги држи на страна на Балканот.

-Овој аргумент е особено изразен во Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев и неговите колеги го отфрлија ултранационализмот на нивните претходници. Покажаа огромна храброст за да најдат решение за спорот во врска со името на земјата, кој ги отежнуваше односите со соседна Грција уште од почетокот на деведесеттите. На Балканот, кој е има озлогласена репутација уште од времето пред Првата светска војна поради тешките етнички, верски и територијални спорови, решението претставува навистина редок пример на разумен компромис, кој бил направен по мирен пат, пишува „Фајненшал Тајмс“.

Со право, како што стои во текстот, граѓаните на Северна Македонија ќе започнат да се прашуваат дали некогаш ЕУ ќе ги отвори вратите доколку храбрата дипломатија и вештото менаџирање на домашната дименизја на спорот за името не бидат наградени со почеток на преговори за членство.

Каков било застој би можел да им зададе удар на реформите во Северна Македонија и со тоа да и наштети на борбата против корупција и организиран криминал, а би се поттикнал и македонскиот шовинизам.

-Најстрашно од сè, тоа ќе ги разочара етничките Албанци кои сочинуваат околу една четвртина од населението. Нема ни 20 години откако избувна албанскиот бунт во Северна Македонија, што предизвика брза интервенција на НАТО. Една од причините за релативното затишје кое следеше потоа е уверувањето на главните албански лидери да не се губи вербата во ЕУ, чие што членство за нив е гаранција за граѓански права и ветување за просперитет, пишува „Фајненшал Тајмс“.

Весникот наведува дека ако вратата на ЕУ остане затворена, ќе им се наруши угледот и довербата на овие центристи. Меѓутоа, постои и друга опасност, како што предвидуваат некои во регионот, ако ЕУ ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија, а ја задржи Албанија во чекалната.

-Ваквиот потег ќе додаде масло во огнот на пан-албанскиот национализам, ставајќи ги политичарите и активистите од Албанија и Косово во искушение да се откажат од надежите за влез во ЕУ и што посилно да ја прифатат каузата за Голема Албанија. За возврат, ова би фрлило дамка врз напорите да се реши спорот помеѓу Србија и Косово и да се намалат тензиите помеѓу Бошњаците, Србите и Хрватите во Босна и Херцеговина, пишува „Фајненшал Тајмс“.

Во случај да се зголеми нестабилноста во регионот поради колебливоста на ЕУ, како што наведува весникот, ќе се создаде плодна почва за мешање од странство. Балканот е една арена на натпревар меѓу надворешни сили, вовлекувајќи ги Русија, Турција и Кина во едно ќоше на Европа кое е во голема мера под влијание на ЕУ и САД уште од времето на југословенските војни.

Во текстот понатаму е посочено дека, руски агенти стоеја зад обидот за државен удар во 2016 година во Црна Гора и беа зафатени со Грција и Северна Македонија обидувајќи се набрзина да го окончаат договорот за името. Турција финансира политички ислам во регионот. Таа е активна меѓу муслиманските Бошњаци и етничките Албанци во Косово, Северна Македонија и Албанија. Кина го шири своето влијание со помош на обемни инвестиции во рамките на иницијативата „Појас и пат.“

– Со цел да ги заузда амбициите на Русија и Кина, Вашингтон едвај чека да работи со ЕУ за заштита на интересите на Западот. Брисел треба да е среќен што Балканот е еден од неколкуте региони во светот кои не се допрени од фрикцијата во американско – европската надворешната политика под администрацијата на Трамп. ЕУ и Америка добро се искомбинираа во придонесот кон решението на спорот меѓу Грција и Северна Македонија, пишува британскиот весник.

Критичарите на проширувањето, како што е наведено во текстот, се во право кога велат дека квалитетот на демократијата и владеењето на правото е под европките стандарди во земјите на Балканот.

-Но, довербата која регионот ја има во ЕУ и ентузијазмот кај народот за тешките реформи кои се бараат за да се заслужи членството, ќе се намалат освен ако нема позитивен сигнал од Самитот следниот месец. Се останато би го втурнало Балканот во превирања и би и наштетило на ЕУ, која повторно самата ќе си пука во здрава нога, пишува „Фајненшал Тајмс“.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.