Анкетната на Шилегов ја снема- денес стартува на Илија
Анкетната комисија за скандалот со фалсификувањето на личните документи што се формираше на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а во која опозицијата одби да учествува, денеска ќе ја одржи првата седница.
На дневниот ред има две точки првата е усвојување на Деловник на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи и втората договор за работа на Комисијата. Комисијата ја води Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател, Љупчо Димовски, а за членови Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев, Драган Данев, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Газменд Алији и Солза Грчев.
СДСМ не предложи членови во оваа Комисија, со објаснување дека една Анкетна веќе постои и треба да се создадат услови таа да може да фунционира, а не да се прават паралелни комисии.
Во меѓувреме останува парализирана работата на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето што на иницијатива на СДСМ беше формирана според Договорот од Пржино. На пратеникот Шилегов кој е претседател на комисијата не му успева да ја менаџира работата поради жестокиот отпор од претставниците н ВМРО ДПМНЕ, како и одбивањето на сведоците на ВМРО-ДПМНЕ јавно да сведочат, на што инсиситира Шилегов.
Извор: Локално