Сообраќајот во Македонија се одвива по влажни коловози – денеска затворен грчкиот граничен премин „Ники“

Објавено на 19 февруари, 2016 во 08:49

Според информација од ДЦС МВР, денес 19.02.2016 година во времето од 09:00 до 21:00 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Р Грција на Г.П.„ Ники“, поради штрајк на грчките земјоделци-(фармери).

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Буково е намалена до 50 метри, а на планинскиот премин Стража од 60 до 80 метри.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.