И синоќа протести против промена на името
Со извици „името не го даваме ”, „Македонија на Македонците”, со патриотски песни, како и извикување на името на претеседателот на државата, синоќа продолжија протестите пред Собранието.
Граѓаните повторно излегоа на протест да го изразат својот револт по потпишувањето на договорот со Грција за преименување на името на државава во Република Северна Македонија. Тие порачаа дека „никој нема да не раздели и да не скара“.
Демонстантите повикуваа на смиреност и мирни протести и порачаа дека ќе бидат тука и дење и ноќе, се додека не падне оваа власт, а на импровизираната говорница граѓани го искажуваа својот револт.
Протестот почна во 20.00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.