Села: Предвремени избори треба да се случат што поскоро
Објавено на 15 август, 2019 во 11:39
Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села за РТВ Ора изјави дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори и промена на власта.
– Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, рече Села.
Тој додаде и дека сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен „полу режим“ на СДСМ и ДУИ, и дека тие мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено.