Снег на Стража, на Марово и на Попова Шапка
Објавено на 27 јануари, 2020 во 08:21
Врнежи од снег утринава има на планинскиот превој Стража, на Маврово и на Попова Шапка, информира јавното претпријатие „Македонија пат”.
На останатите патишта низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Од „Македонија пат” апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.