Русковска: Одложенотo рочиштето за „27 април“ е со цел одложување на постапката
Објавено на 21 февруари, 2020 во 10:36
Обвинителката Вилма Русковска после првото рочиште за организаторите на 27 април, рече дека смета дека одложувањето е во насока на оддолжување на постапката. Денеска одбраната на обвинетите бараше увид во доказите.
„Самите обвинети признаа дека сите докази им се дадени од страна на обвинителството, освен це-дињата во електронска форма што ни беа пратени од мобилните оператори од нивните дојдовни и појдовни повици. Но, од мобилните оператори е изготвена анализа, која и беше дадена на одбраната. Лично сметам дека ова е во насока на оддолжување на постапката“, рече Русковска.