Во болницата во Куманово заболени 11 здравствени работници од коронавирус
Објавено на 3 април, 2020 во 13:56
3.04.2020
Во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот.
Директорката на болницата Снежана Захариева за МИА изјави дека од вкупно заболените двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија.
– Министерството е информирано за оваа ситуација и е побарана помош за организација на работењето на болницата, вели Захариева.