Успешна првата трансплантацијата на срце изведена од македонски тим на лекари во државата
23.05.2020
Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..На Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” !
Честитки Господа !!! – д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.
Министерот Венко Филипче, ноќеска пред почетокот на операцијата напиша статус и објави фотографија со следнава содржина:
Тимот од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) се подготвува за трансплантација. Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите. ❤️
Фотографии од операцијата: