Филипче: Да ги почитуваме мерките за побрзо да ја надминеме епидемијата со ковид 19
Објавено на 2 јуни, 2020 во 09:44
02.06.2020
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук потсети за мерките за заштита од корона вирусот.
-Да ги почитуваме мерките за побрзо да ја надминеме епидемијата со КОВИД-19. Да одржуваме 2 метри растојание, да носиме заштитна опрема и често да ги миеме и дезинфицираме рацете, напиша Филипче.