Болницата „Козле“ ќе прима пациенти заразени од коронавирус
Објавено на 20 јуни, 2020 во 15:23
20.02.2020
Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле ќе биде Ковид болница и за возрасни. Од понеделник можат да хоспитализираат пациенти со корона вирус од сите возрасти но не и тешко болни бидејќи установата нема интензивна нега.
Здравствените власти и Комисијата за заразни болести одлучија и болницата во Козле да ги пренамени своите капацитети за Ковид пациенти.
Две одделенија во оваа установа ќе бидат за деца а останатите за возрасни. Децата кои сега се сместени таму ќе бидат преместени на Детската клиника.