Жбогар: Северна Македонија направи уште еден важен чекор на патот кон ЕУ
Објавено на 2 јули, 2020 во 10:50
2.07.2020
Евроамбасадорот Самуел Жбогар, на својот „Твитер“ профил објави дека земјата е чекор поблиску до ЕУ, по утврдувањето на Преговарачката рамка на Европската Комисија.
„Уште еден важен чекор за Северна Македонија на патот кон ЕУ. Европската комисија ја испрати нацрт-преговарачката рамка до Советот на ЕУ за разгледување од страна на земјите-членки“, напиша Жбогар на „Твитер“.