МВР: Запленети околу 40 килограми марихуана, пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога во Скопје
22.01.2021
Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, на 21 јануари пресекоа меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија.
– Притоа, на булевар.„Јадранска магистрала”, на влезот во Скопје било запрено патничко возило „шкода фабија”, управувано од А.М. (42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
А.М., како што информира Министерсво за внатрешни работи, е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка, при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
#КриминалистичкаПолиција #СекторЗаНедозволенаТрговија #Дрога #Оружје #ОпасниМатеии