УХМР: Повторно облачно време со врнежи од дожд
Објавено на 20 април, 2021 во 07:18
20.04.2021
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Стефани Манева