Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Околу 800-1000 бегалци си заминаа од Идомени последните 48 часа исплашени од насилните инциденти во неделата. Во понеделникот и вторникот од кампот кон бегалските центри заминаа 15 автобуси полни со бегалци, седум во понеделникот и осум вчера, што е најмасовно заминување од кампот во последните 2 месеци. Исплашени од инцидентите во неделата, бегалците кои се главно дојдени со семејство по недели живеење во шаторите на граничната зона одлучија да го напуштат животот во кампот бидејќи стравуваат за безбедноста на нивните деца.

Оние кои си заминуваат велат дека веќе губат надеж дека има било каков начин да се премине границата додека чекаат во кампот, веќе не се чувствуваат безбедно таму особено по судирите меѓу бегалците и полицијата во недела и велат не би си дозволиле да ги стават во опасност децата со нелегално преминување во Македонија.

Од Идомени бегалците заминаа во центрите во северна Грција и Пиерија каде има слободни места.

Грчката влада бара празни индустриски простори околу Солун и Атина кои брзо би можеле да се расчистат и уредат како привремени бегалски центри. Новиот бегалски центар Скарамага во предградието на Атина во рок од два дена се преполни со бегалци од Пиреја, со капацитет за 1000 луѓе таму веќе има и повеќе од што може да собере.

Идејата на грчката влада е да се најдат нови простори и да се обезбедат дополнителни 20.000 места за да може комотно да се згрижат сите бегалци од Идомени каде има над 10.000 бегалци во моментов, Пиреја каде се околу 3.800 луѓе, но и од стариот аеродром Елинико каде веќе има околу 6000 бегалци.

Грчката полиција која продолжува со построгите контроли на влезот на Идомени вчера приведе 17 странски активисти и волонтери од Германија, Британија, Шведска, Чешка, Австија, Португалија, Палестина, но и тројца Грци. Повеќето беа ослободени, а полицијата задржа само еден активист од Германија поради поседување нож.

Тензичната клима и насилството продолжуваат во камповите. Тензично е и на Идомени, но и на Пиреја каде доцна ноќеска дојде до тепачка меѓу бегалци од Авганистан и Сирија.

Извор: Телма

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново