Една жртва во пукотница во Атина
Објавено на 14 јули, 2016 во 07:09
Едно лице загина, а две се повредени кога напаѓач вчера попладне отвори оган во едно кафуле во близина на плоштадот Омонија во Атина.
Според првичните извештаи, напаѓачот, кој најверојатно е странски државјанин, влегол во расправија со 56 – годишен маж кој седел во кафулето, си заминал, и по кусо време се вратил со пиштол. Тој испукал најмалку осум куршуми, при што го убил мажот со кој се расправал, ранил уште еден гостин во кафулето и еден случаен минувач.
Полицијата до доцна синоќа се уште трагаше по сторителот.
Извор: Локално