Северна Кореја изведе досега најмоќна нуклеарна проба
Северна Кореја денеска го извела петтото нукеларно тестирање, кој државната телевизија го опиша како „најсилната експлозија која ја предизвика Пјонгјанг“.
– Нашите нукеларни експерти ја тестираа најразвиената нуклеарна боева глава на северниот терен за тестирање. Нашата партија им честита на нашите нуклеарни научници на успешното тестирање, соопшти државната телвизија.
Телевизијата објави дека сега Северна Кореја е во состојба да поставува нуклеарни боеви глави на балистички ракети.
Ројтерс јави дека нуклеариот тест предизвикал сеизмички потрес на корејскиот полуостров еднаков на земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер.
Според силината на потресот се претпоставува дека нуклерната направа е со тежина од 20 до 30 килотони, со што ова е досега најсилниот нуклеарен удар. Најсилното нуклеарно тестирање досега на Северна Кореја беше со тежина од шест килотони.
Јапонската министерка за одбрана Томоми Инада зјава дека ова претставува смртна закана за Јапонија и наведе дека Токио разгледува можност за воведување дополнителни еднострани санкции спрема Пјонгјанг.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопти дека одлучно се противи на нуклеаното тестирање што го спроведе Пјонгјанг и ги повика властите да не преземаат акции што би ја влошиле ситуацијата.
Во соопштението е наведува дека Пекинг е за денуклеаризација на корејскиот полуостров и за продолжувае на преговорите за решавање на
Франција го осуди нуклеарното тестирање и го повика Советот за безбедност на ОН да преземе мерки поради повреда на Резолуцијата на ОН.
Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека провокациите од Северна Корерја ќе имаат сериозни последици.
Извор: Новатв.мк