Од скутер во Будва настрада бугарски државјанин
Објавено на 24 јули, 2017 во 09:57
Бугарски државјанин загина во црногорскиот туристички центар Будва , откако Србин со скутер удрил во Бугарин на педалинка , објавија српски весници, цитирани од bTV.
Полицијата го уапсила осомничен Србин за инцидентот.
Инцидентот се случил околу 20,00 часот. По локално време вчера вечерта .
Првично Бугаринот бил во стабилна состојба, но на пат за болница починал.
Српскиот државјанин е уапсен за 72 часот.