Рејтингот на принцот Чарлс опадна пред годишнината на смртта на Дајана
Популарноста на британскиот принц Чарлс се намали непосредно пред 20-годишнината од смртта на принцезата Дијана, покажа истражувањето на YouGov. Според анкетата, само 36% од Британците сметаат дека наследникот на тронот бил од полза за монархијата.
Пред четири години оваа бројка изнесуваше 60%. “Тешко е, бидејќи бракот му пропадна и никогаш не му беше простено – Дијана го обвини, а тој никогаш не рече ниту збор”, посочува кралскиот коментатор Пени Џуниор.
Во меѓувреме паѓа и популарноста на оваа сопруга на Чарлс и поранешна негова љубовница – Камила. Во моментов само 18% од граѓаните сметаат дека таа придонела позитивно за кралското семејство. Пред четири години одобрението за неа изнесуваше 28%.
За разлика од Чарлс и Камила, принцовите Вилијам и Хари се радуваат на значително поширока поддршка – 78 и 77 отсто. Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година во Париз. Заедно со неа во автомобилот беше и нејзиниот пријател Доди ал Фајед и возачот Анри Пол, кои исто починаа.