(Видео) Ураган ја погоди Москва
18.09.2020
Ураган проследен со град и силен ветер ја погоди Москва, соопштија метеоролозите и наведоа дека во главниот град на Русија е прогласено „жолто“ ниво на опасност во следните два дена.
Небото во руската престолнина стана црно во средината на денот, по што започнаа врнежи од дожд, проследени со удари на молња.
Московјаните од различни делови на градот објавуваат видеа од невремето на социјалните мрежи. Дрвјата во дворовите се свиткани од налетот на силен ветер, а на небото се формираат пијавици карактеристични за ураган.
Поради обилниот дожд, градската канализација не може да се носи со толку многу вода, па многу улици се поплавени. Обилните дождови предизвикаа гужви на улиците.
Сепак, жителите на Москва, особено оние што возат автомобили, очекуваат понепријатни изненадувања. Од утре се очекува пад на температурата до минус 1 ° С во текот на ноќта, пишува порталот из.ру.
Хидрометеоролошкиот центар на Русија однапред ги предупреди жителите на градот за невремето што се приближува.
Јевгениј Тишковец, водечки службеник вработен во метеоролошкиот центар Фобос објави дека сите области во главниот град ќе бидат погодени од невремето, пренесува NSN.
„Се очекуваат обилни врнежи од дожд, проследени со ветер, чии налети на некои места ќе достигнат до 22-24 метри во секунда. Можат да паднат вкупно врнежи до 22 мм. Како што објасни метеоролозите, ова се две големи кофи со вода на метар квадратен”, рече Тишковец.
Метеоролозите во Русија предупредуваат на нагло влошување на времето во наредните денови.
Во петок, сабота и недела, се очекува заладување: до плус 13 во текот на денот, само три до пет степени навечер.
{vembed Y=G_iMQ8zaHQ}