Рано утринава силен земјотрес во Албанија
Објавено на 24 септември, 2020 во 11:25
24.09.2020
Албанија ја потресе земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во близина на Елбасан.
Земјотресот е регистриран синоќа во 1 часот и 25 минути на длабочина од 20 километри.
– Според првите информации, никој не е повреден, ниту е пријавена материјална штета – соопшти надлежното Министерство.
Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 11 земјотреси со јачина од 2 до 4,5 степени според Рихтеровата скала.