Андоновиќ: Историски ден за Црна Гора – по три децении Мило веќе не е на власт, но создава хаос и обид за државен удар
2.12.2020
Црногорскиот парламент денеска одржува седница на која треба да го верифицира мандатот на владата предожена од мандатарот Здравко Кривокапиќ.
Предлогот на Кривокапиќ е влада со 12 министри кои според неговите најави, како приоритет ќе ја имаат борба против корупцијата и криминалот, правдата и рамноправноста, добрососедските односи со земјите од опкружувањето, гарантирање фер изборни услови, намалување на трошоците за јавна потрошувачка, создавање доверба од јавноста и целосна транспарентност за работата на државната администрација.
Меѓу приоритетите се и мерките за економско закрепнување и поддршка на стопанството по пандемијата на коронавирусот. Сепак Кривокапиќ не пропушти да обвини дека актуелната состојба во која во моментов се наоѓа Црнагора е катастрофална а условите во кои власта ја презема тој и неговите 12 министри може со право да се нарече еден вид „државен удар“.
Според обвинувањата Кривокапиќ на местотото министер за финансии го поставил својот зет за ќерка, а на останатите ресори, послушни партиски војници, но и според обвинувањата на Белград, кадровски решенија кои биле блиски со претходната гарнитура во партијата на Ѓукановиќ.
Останува да се види како малата Црна Гора, која изминатиов период се соочува со перманентна политичка криза, ќе успее да ја протурка транзицијата на новата власт по три децениското владеење на партијата на Мило Ѓукановиќ.