Автомобил кој за три минути се претвора во авион
Словачката компанија AeroMobil го претстави „првиот летечки автомобил во светот со четири седишта“.
Се придвижува од хибриден систем со турбо мотор со внатрешно согорување кој испорачува 300 КС. Неговата максимална брзина на пат е 160 km/h, а во воздухот 360 km/h.
Словачкиот летечки автомобил чини еден и пол милион евра, а на сопствениците им е потребна и пилотска дозвола, пишува Autoblog
Трансформацијата од автомобил во авион трае три минути, а според очекувањата на компанијата нивниот четирисед би требало да вози, односно да лета по регионални правци, со далечина до 805 километри.
AeroMobil моментално бара одобрение од Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA), по што треба да следи сертификација во САД.
Се очекува да се појави на пазарот во 2027 година.