Ужас во Австралија: Отишла на ноќно капење и станала жртва на крокодил
Синди не знаела дека на плажата Торнтон се наоѓа најголемиот број на крокодили и отишла на ноќно капење со пријателката.
Синди Валдрон (46) од Австралија отишла на ноќно капење со својата пријателка Леан Мичел (47) во Квинсленд, кога одненадеж ја нападнал крокодил и ја одвлекол длабоко во океанот.
Синди не знаела дека на плажата Торнтон се наоѓа најголемиот број на крокодили и отишла на ноќно капење со пријателката не очекувајќи дека ќе стане жртва на еден од нив. Според Мичел, ништо не наговестувало дека ќе ги нападне крокодил, а таа дала се од себе за да се обиде да ја задржи на површината.
Алан Фрост, роднина на Мичел, изјави дека таа сега е во болница поради претрпениот стрес.
– Повторуваше дека се обидувала да даде се од себе за да ја спаси својата пријателка, но едноставно не успеала. Почна неконтролирано да се тресе поради претрпениот стрес и затоа е сместена во болница. Ни рече дека последните зборови на Синди биле „ме фати крокодил“ пред да исчезне – раскажа Фрост.
Од друга страна, Ворен Ентш, началник на полицијата во овој град, ја обвинил токму настраданата жена за нејзиното исчезнување.
– Морам да ја обвинам човечката глупост бидејќи не провериле каде се впуштаат пред да влезат во водата. Сега ќе следува дебата дали треба да се истребат тие крокодили кои само се однесуваат во склад со нивната природа. Синди требала да внимава што прави, оваа трагедија можела да се избегне – рече тој.
Во тек е потрагата по исчезнатата жена.
Извор: Плусинфо.мк