„Полнета кокошка“ – српските тинејџери си играат групен секс
Меѓу тинејџерите во Србија популарна е секс-игра во која учествуваат пет момчиња и пет девојчиња, а се вика „полнета кокошка“.
Едно 13-годишно девојче забременило и не знаело да каже кој е таткото на детето.
По деталниот разговор со девојчето, таткото и гинекологот дошле до сознание за страшната игра која е сè повеќе популарна во Србија.
– Ќерката се жалеше на болки во стомакот. Отиде на лекар, се испостави дека е бремена, и беше упатена на гинеколошки преглед. Кога ја прашавме како тоа се случило и кој е татко на детето, таа само одмавнуваше со главата – изјави загрижениот татко. Тој додаде дека неговата ќерка на крајот признала дека меѓу врсниците постои една мошне актуелна игра, во која учествувала и таа.
Т.н. „полнета кокошка“ е игра во која учествуваат пет момчиња и пет девојчиња. Тие се состануваат во станот на некој од нив, најчесто кај оној чии родители не се дома цела ноќ. Девојчето кое ќе биде избрано треба да ги задоволи сите пет момчиња, а ако не успее, тогаш мора да плати казна – да биде нивна жртва со која сите тие ќе имаат секс еден по друг.
– Јас сум во шок. Таа не знае кој е таткото на детето бидејќи сите момчиња имале секс со неа. Наводно тинјџерите пикираат празен стан, па кога ќе си заминат нечии родители се собираат и ја играат оваа страшна игра, која мора да се спречи -изјави загрижениот татко, кој не знае што да прави и кому да се обрати.
Социологот Ратко Божовиќ вели дека семејството е во целосен шок и оти станува збор за нормално семејство.
– Децата денеска се поразвратни од кога и да е. Се им е достапно бидејќи родителите работат нон-стоп. Ова е дефинитивно општество во кое владее хаос, беззаконие и неморал. Луѓето се учат на безобразие, а преку реалните шоуа се поттикнуваат насилството и сексот, се живее само денеска и не се размислува за утре. Она што не смее да се занемари е дека во Србија има многу неписмени – вели Божовиќ и додава дека повеќе нема здраво растење.
Психологот Алекандар Шибул смета дека овој проблем зел големи размери поради влијанието на групата и ниското ниво на самопочитување.
– Децата не се емоцинално исполнети. Семејствата не им даваат добар пример, сакаат да се докажат и мислат дека ако се согласат на сè што од нив го бараат врсниците, тогаш ќе бидат прифатени. Меѓу децата владее голема несигурност, а поради неа доаѓа до вакви проблеми – смета Шибул.
Извор: Плусинфо.мк