Наоми Вотс и Томи Хилфигер се борат против ракот на дојка
Наоми Вотс ја поддржа кампањата на Томи Хилфигер за борба против ракот на дојка со што ја прифати улогата на заштитно лице на модел на чанта произведен во ограничена серија што овој дизајнер ја креираше за организацијата Breast Health International.
Со ова таа станува дел од листата на поддржувачи на хуманитарната кампања, на која се наоѓаат и поранешната прва дама на Франција Карла Бруни Саркози, актерките Рене Зелвегер и Шарлот Генсбур, потоа Наоми Кембел и Клаудија Шифер, жени кои во различни периоди беа заштитно лице на неговиот проект.
Чантата на Хилфигер ќе почне да се продава на 25 септември, прво на сајтот tommy.com, а потоа и во селектирани продавници на брендот во светот. Сто долари од продажбата на секој примерок од чантата е наменет за програмата Фонд за живот на организацијата Breast Health International.