Лего коцките се најдобри играчки
Објавено на 6 септември, 2014 во 07:14
Барбиките и играчките добри се, ама не колку популарните коцки на компанијата Лего, која стана водечки произведувач на играчки во светот.
Приходот од продажбата на данската компанија за првите шест месеци од годинава изнесува 11.504 милијарди круни (1,54 милијарди евра).
Според некои процени Лего продал во просек 86 коцки за секој човек на Земјата, а успехот се должи и на филмот Lego Movie чиј светски успех ги надмина очекувањата на промотерите. Продажбата на играчките што се појавуваат во тој филм одела одлично.
Лего е профитабилна семејна акционерска компанија која припаѓа на потомците на Оле Кирк Кристијансен, столар кој ја основал компанијата во 1934-та.