Откриена темна материја во срцето на Млечниот пат?
Научниците од Бостон веќе објавија фотографија за која тврдат дека е прва слика на темна материја било кога регистрирана.
Новата студија на гама зраци забележана со „Ферми“ телескопот на НАСА, забележа сигнал што „не може да се објасни на друг начин“, што значи дека со методот на елиминација е утврдено дека постои голема веројатност дека она што го гледаме е всушност темната материја.
Темната материја го сочинува најголемиот дел од материјалниот универзум, но многу малку се знае за тоа од што се состои и каква е нејзината интеракција со остатокот на универзумот..
Тим научници од Харвард, Универзитетот во Чикаго и Технолошкиот институт Масачусетс во Бостон, ја анализираше снимката на гама зраци од Млечниот пат и успеал да издвои блескаво јадро во средината на нашата галаксија што во моментот може да се објасни само како модел на темна материја.
Стручните лица веќе извесно време шпекулираат дека темната материја најпрво може да се види во средиштето на галаксијата – големо количество темна материја ја привлекува нормалната материја, создавајќи основа на која се засноваат видливите структури, како галаксиите.
„Ова е најубедлив сигнал за честичките на темната материја што некогаш сме го имале“, рече за „New Scientist“ Ден Хупер од Националната лабораторија „Ферми“ во Илиноис.
„Во овој момент не постојат познати или предложени астрофизички механизми, ниту, пак, извори што можат да ја објаснат оваа емисија“, рече Ден Хупер.
Научниците ги зеле снимките на светлината на гама зраците од Млечниот пат кои се достапни на јавноста и постепено го отстранувале секој пиксел што би можел да се објасни со познатите феномени како што се суперновите или честичките што се судираат со меѓуѕвездените гасови.
Според една од можните теории, темната материја е составена од масивни слабо-интегрирачки честички(познати како вимпови), кои се судираат и произведуваат гама зраци.
„Овој сигнал е многу возбудлив и иако случајот сè уште не е заклучен, постојат шанси во иднина да се свртиме зад себе и да кажеме дека ова било првпат да се виделе анихилација на темната материја“, вели Трејси Слејтер од Технолошкиот институт Масачусетс.