Дожд од метеори, синоќа и вечерва, на небото над нас
Објавено на 23 април, 2015 во 07:00
Вчеравечер и вечерва најдобро ќе може да се види дождот од метеори на небото над нас. Дождот започна да паѓа од 16 април и ќе трае се до 25 април. Поради младата месечина поточно небото е потемно од вообичаено годинава ни го носи најспектакуларниот дожд.
– Оваа година месечината ќе биде млада и ќе се појавува порано, правејќи го небото потемно и подобро за гледање на овој дожд, изјавил астрономот Боб Берман.
Дождот од метеори најдобро ќе се гледа од Европа. Сепак потребно е да одберете повисоко место, рид или планина. Можете да го гледате дождот и на интернет во живо на овој линк, кој почна вчеравечер во 2 часот по полноќ.