Цитати за среќата
Доволно е да умееш да ја препознаеш, да ја зграбиш, да и се радуваш и никогаш да не ја испуштиш. Ова се десет убави цитати за среќата. Прочитај ги штом најдеш време, за нив.
1. Животот е како подготвувањето чај. Го вари вашето его, ги испарува грижите, ја разредува тагата, како филтер ги чисти вашите грешки и го додава вкусот на среќата.
2. Еден човек го прашува некој скулптор: „Како успевате да ја направите оваа прекрасна скулптура од камен?“ На тоа скулпторот одговорил: „Скулптурите се во каменот, јас само го извадив непотребниот дел од него.“ (Среќата е скриена во каменот, а тагата ја извадил скулпторот.)
3. Да бидеш среќен… Не значи сè да биде совршено…Тоа значи да погледнеш зад несовршеностите.
4. Обидете се да направите барем две лица среќни во текот на денот, но бидете сигурни дека еден од нив сте и вие.
5. Првото извинување е најхрабро. Првото простување е најсилно. Првиот што ќе заборави е најсреќен.
6. Ако сакате среќа за еден час, тогаш преспијте. Ако сакате среќа за еден ден, одете на риболов. Ако сакате среќа за еден месец, оженете се. Ако сакате среќа за една година, наследете богатство. Ако сакате среќа за цел живот, помогнете на некој друг.
7. Среќа никогаш нема да имаат оние кои не знаат да го ценат тоа што го имаат.
8. Најсреќните луѓе не секогаш ги имаат „најдобрите“ нешта. Тие го ценат тоа што го имаат.
9. Секој сака среќа, никој не сака болка. Но, не може да има виножито, без дожд.
10. Животот е како пијано. Белите типки се среќни моменти, а црните се тажни моменти. Но, не е можно да добиете добар звук без да ги користите заедно.