Наскоро секс шоп и во Мека?!
Најсветиот град на исламот, Мека наскоро ќе добие продавница со сексуални помагала. Во овој секс шоп ќе се продаваат само „халал“, односно религиски дозволени, реквизити за возрасни.
Локалните исламски верски авторитети конечно дале зелено светло за отворањето на оваа продавница, пишува британскиот весник The Daily Mail.
„Исламот, спротивно на врежаното мислење, не е репресивен во поглед на сексот и Куранот го поттикнува се’ додека е во рамките на бракот“, вели за весникот исламскиот клерик, Хамза Јусуф.
Сопственик е Абделазиз Аураг, кој своите намери ги најави уште минатата година, но објави дека дури сега е „речиси“ подготвен ги отвори вратите на својот дуќан. За AFP тој потврдил дека добил поддршка од еден саудиски висок свештеник кој рекол дека идејата може да доведе до „подобрување на сексуалната врска меѓу мажот и жената“. Самиот тој е убеден дека неговите артикли го зголемуваат либидото и го унапредуваат сексуалниот однос меѓу сопружниците.
Аураг веќе го има секс халал шопот „El Asira“ во холандската престолнина Амстердам, отворен во 2010 година, кој е познат по сензуалните масла. Тогаш за првите четири дена од отворањето, продавницата на својата веб страница имаше дури 70.000 влезови. Инаку, првата ваква продавница во мнозински муслиманска земја беше отворена во Турција во 2013 година.
Во Мека ќе ја отвори продавницата во партнерство во компанијата „Beate Uhsе“ германски гигант во сферата на „забавата за возрасни“. Секс продавницата во Мека ќе нуди 18 „халал’ играчки за возрасни, меѓу кои нема да има вибратори, бидејќи исламот не ги дозволува.
Но тоа, според Аураг нема да биде само обична продавница. Пред се’ во неа ќе се води во прв ред грижа за муслиманите кои престојуваат во Мека.
Саудиска Арабија, инаку, е позната по својата доследност на практикувањето на најстрогите прописи на сунитскиот ислам во современиот муслимански свет.
Сепак, муслиманските свештеници напомнуваат дека пророкот Мухамед го поддржувал здравиот сексуален живот меѓу маж и жена, што не е многу различно отколку во христијанството. Дури истакнуваат дека Мухамед ги учи мажите да не го напуштаат домот подолго од шест месеци, за нивните сопруги да не се чувствуваат сексуално напуштени.