Војвотката Кејт и принцот Вилијам добија ќерка
Објавено на 2 мај, 2015 во 15:27
Војвотката од Кембриџ Кејт роди девојче, соопштија од кралското семејство во Велика Британија. Бебето се родило утрово, а и мајката и бебето се добро. Новороденото бебе е четврто на листата за наследник на британскиот престол и петто правнуче на кралицата Елизабета Втора.
Кејт и принцот Вилијам се венчаа во април 2011 година, а нивното прво дете, принцот Џорџ се роди во јули 2013 година. Не се очекува веднаш да биде соопштено името на новороденчето, оти и за првото бебе, принцот Џорџ, се чекаше два дена пред да се објави неговото име.