Ефтино и брзо чистење на електричен шпорет
Објавено на 11 мај, 2015 во 08:33
Направете сами паста и без рибање исчистете ги електричниот шпорет и рерната.
На многу жени чистењето на рерната им преставува особена грижа. Ефтин и ефикасен начин е рецептот за правење на паста за блескаво чист шорет.
За пастата ви е потребно:
– Пола чаша вода
– Сода бикарбон од една четврти на пола чаша
– Една лажица детергент за миење садови
Постапката е едноставна, само помешајте ги состојките заедно во доволно голем сад. Со помош на сунѓер премачкајте ја плочата на шпоретот и рерната и оставете да делува петнаесетина минути.
Избришете ја со чист сунѓер, натопен во топла вода, а по потреба постапката повторете ја додека шпоретот не светне.