Книга за овој викенд: „Најголемиот трговец на светот“ од Ог Мандино
„Ќе настојувам да истраам сѐ додека не успеам. Не дојдов на овој свет за да бидам поразен, ниту неуспехот струи низ моите вени. Јас не сум овца која чека нејзиниот овчар да ја поттикне. Јас сум лав кој одбива да зборува, оди и спие со овците. Касапницата на неуспехот не е моја судбина. Ќе издржам сѐ додека не успеам,” напиша Ог Мандино во бестселерот „Најголемиот трговец на светот“ што набрзо по објавувањето стана интересно светско четиво.
Најголемиот трговец на светот е првата книга на еден од најпознатите психолошки писатели, Мандино, а воедно и книга која му донела огромна слава и успех. Книгата е приказна стара две илјади години, за сиромашниот трговски чирак Хафид, кој со помош на древните свитоци кои ги добил од својот господар, станува најголем трговец на светот.
Моќта на зборовите на овие свитоци, им помогнала на милиони луѓе и бројни компании ширум светот да го подобрат својот профит. Истовремено, оваа книга зборува за животот и неговите доблести и посочува како да го направиме подобар. Токму тоа е причина плус зошто оваа книга за кратко време стана светски бестселер.
Еве неколку прекрасни цитати од оваа книга, кои се надевам ќе ви ја докажат нејзината големина:
Роден сум за да успеам, не за да трпам неуспеси. Роден сум за да ја кревам високо главата, не да ја наведнувам во порази. Роден сум за да ги пробам сластите на победата, не да туфкам и да лелекам.
Битката за успех е извојувана до половина, кога човекот ќе стекне навика да ги псотавива цели и нив да ги остварува.
Секој пораз, секое кршење на срцето, секоја загуба, во себе го носат сопственото семе, сопствената поука, како идниот пат да го подобрам својот ефект.
Тајната на вистинската љубов спрема работата, се стекнува со надеж дека ќе се псотигне успех во дадената работа – меѓутоа не поради поттикот изразен преку парите, или пороади времето потрошено на неа…, туку поради гордоста и чувството на задоволство што го возможува самата работа.