Совети за домот: Природен освежувач против мравки
Објавено на 16 мај, 2015 во 08:35
Овој освежувач од портокал ќе ги избрка мравките од вашиот дом за само неколку часа.
Во тегла ставете исцеден сок од 2 портокали, 1 грејпфрут, 1 лимон и алкохолен оцет. Додајте го оцетот и оставете ја течноста да отстои 1-2 недели.
Процедете ја течноста од пулпата на овошјето и ставете ја течноста во шише со распрскувач.
Користете го овој освежувач на воздухот секојдневно.