Дваесетгодишната девојка која „гори“ на интернет
Јована Вентура има само 20 години, се бави со манекенство, а веќе го привлече вниманието на медииите. Сепак во центарот на вниманието не се најде поради својот работен ангажман.
Јована е родена на 24 ноември 1995 година во Мајами. Таа е фитнес модел чиј Инстаграм профил го следат повеќе од два милиони луѓе. Причината е нејзините секси фотографии и селфи во костими за капење, кои ги поставува секој ден, а и видео клипови од фитнес и вежбање.
За нејзиниот приватен живот, не се знае многу. Таа завршила средно училиште во јуни 2014 година. Во средината на минатата година, медиумите во Америка ја поврзуваа со тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер, но никој од нив никогаш не ги потврди тие се гласини. Напротив, тврдат дека тие се само пријатели. Од познати личности таа ево близина на полу-сестрата на Ким Кардашијан, Кајли Џенер.
Јована е многу горда на своите облини, кои секогаш и се во преден план. Тоа е причината зошто многумина ја критикуваат, имајќи предвид дека таа е премногу млада за тоа. Сепак, таа не се откажува од секси фотографии.