Матурантки бидете свои на вашата матурска вечер!
Не облекувајте премногу високи потпетици ако досега сте носеле само рамни чевли, не ставајте премногу шминка ако обично нежно се шминкате, направете едноставна фризура, бидете она што сте, бидејќи матурата не е избор на мис или модна ревија.
Тоа е ваша вечер, вечер за другарување, танцување и добра забава.
Изгледајте онака како што сами си се допаѓате, па дури ако тоа значи и едноставно фустанче и пуштена коса.
Ако сепак се одлучите за долги свечени фустани, избравме некои од најубавите фустани кои холивудските ѕвезди ги носат на црвениот тепих, но и неколку едноставни, кратки, но навистина слатки фустанчиња кои одлично прилегаат за млади девојки.
Што и да изберете ќе изгледате убаво, бидејќи младоста сама по себе има посебна убавина.
Ако пак на матурската забава заминете со добро расположение, па дури и ако фустанот или шминката не ви се погодиле, тогаш сте направиле вистински избор.
Бидете насмеани и весели и уживајте на вашата забава.