Анџелина Џоли и Бред Пит повторно заедно на филм
Објавено на 21 мај, 2015 во 08:08
Десет години откако не освоиа со неверојатна хемија во акцијата г-дин и г-ѓа Смит, познатата холивудската двојка се враќа на големиот екран, овој пат како брачна двојка!
Тоа е романтична драма наречена By the Sea , чиј сценарист, продуцент и режисер е самата Анџелина, а премиерата е закажана за 13-ти ноември. Приказната се одвива во Франција во седумдесеттите години, во центарот на настаните се брачните проблеми и нерешени конфликти помеѓу ликовите кои ги толкуваат Пит и Џоли.
Ова е третиот проект на Анџелина, по љубовната приказна во времето на војната во Босна. Во земјата на крвта и медот и минатогодишната драма за олимпиец и воен херој под назив Unbroken.