Денот да ви започне со насмевка
Покрај тоа што ве прави убави, благодарение на насмевката ние сме здрави. Психолозите велат дека ведрите луѓе на кои насмевката им е заштитен знак им носи бројни предности за нивното ментално и физичко здравје. Еве неколку од нив.
1.Со насмевка побрзо ќе ја добите довербата на лугето од вашето опкружување, а луѓето полесно ќе ви опростат ако им се извините со насмевка на лицето.
2.Намевката може да ви помогне да ги пребродите тешките животни ситуации кои предизвикуваат емотивна болка.
3.Со едно истаржување научниците дошло до заклучок дека личностите со ведар дух подобро ги решаваат одредените логични задачи. Тоа е последица на фактот дека насмевката ни помага да се чувствуваме и изгледаме подобро, што ја подобрува и нашата концетрација.
4.Научно е докажано дека личностите кои многу се смеат живеат подолго.