Ким Кардишијан до Хова година со принова
Во текот на викендот Ким Кардашијан го израдува семејството и фановите со веста дека е бремена повторно, но тоа беше целата информација за претстојниот настан. Ѕвездата сподели во етерот на шоуто Keeping Up With the Kardashians дека нејзиниот тест на крвта е позитивен и ја донесе речиси до хистерија сестра си Клое. Блиски до г-ѓа Вест открија дека всушност таа е бремена од март, па бебето се очекува до крајот на годината.
Во неделното финале на шоуто видовитиот Џон Едвард сподели до Ким дека гледа бројот 3, но не може да прецизира за што се однесува. Од кругот на Кардашијан споделија дека таа била импресионирана од зборовите и била убедена дека 3 е месецот во кој е забременила т. е. Март.
Само пред две недели бринетата изјави дека имала неуспешен обид за инвитро, кој ја оставил целосно скршена. Ким одамна сонува за второ бебе и прави обиди за братче на 23-месечната Норт од минатата година.