Создаден е вибрирачки кондом
Објавено на 10 јуни, 2015 во 08:53
Необичен производ се појави на пазарот – женски кондом кој вибрира.
Според креаторите на кондомот “Condom Feminine” не само штити од бременост, но и сам по себе у дава задоволство на понежниот пол. Овој бонус се должи на вградениот вибратор кој може да се контролира безжично преку Bluetooth, пишува британскиот весник “Мирор”.
Создавачите на кондомите се сигурни дека жените нема да ја жртвуваат безбедноста пред задоволство, па зошто да ги немаат и двете со еден производ.
Кондомот е тестиран на 50 жени, од кои 70% добиле оргазам за време на експериментот.