Хурем Султан доби понуда за брак во Белград
Објавено на 19 јуни, 2015 во 10:47
Мерјем Узерли била запросена во вторникот вечерта на прошталната забава која била организирана во нејзина чест во еден белградски ресторан.
На познатата Хурем од серијата „Сулејман Величенствениот“ ѝ пришол непознат господин и ѝ ја побарал раката. Посетителите кои биле по тој повод во објектот, станале во шок, а актерката љубезно се заблагорадила на господинот кој дури и се понудил да ја плати сметката од 25.000 динари.
На прашањето сепак Мерјем само слатко се насмевнала и му одговорила дека е во Белград само по работа и нема такви планови, како брак.