Кинезите градат град што ќе биде три пати поголем од Пекинг
Новиот мегаполис Сјунан ќе биде лоциран на 100 километри југозападно од Пекинг. Голем е 2000 квадратни километри , што на пример е три пати повеќе од Њујорк. Новиот ќе обедини три други градови во провинцијата Хебеј – Сјунан, Жунчен и Ансин. Во моментов во нив живеат вкупно 1 милиони лица. Се уште не се наведува каков ќе е капацитетот на новиот град.
На територијата на трите града има бројни езера и мочуришта, кои служат за извор на свежа вода и снабдување со неа на северните провинции. Што ќе се случи со нив по изградбата на мегаполисот не се прецизира. Се очекува Сјунан да преземе значаен дел од функциите на Пекинг, што ќе овозможи да се прекине проширувањето на кинеската престолнина и кон новиот град да се пренасочи дел од индустрија како и финансиските активности.
“Би го споредувал Сјунан со Њујорк, при што Пекинг останува на десно од Вашингтон. Во Кина гледаат на новиот град како на “проектот на милениумот”. Тоа е првиот потфат со слични размери од времето на Мао Џи “, потсетува агенција Bloomberg
“Изградбата на Сјунан многу брзо ќе доведе до раст во производството на цемент, челик и други градежни материјали“, прогнозираат аналитичари од хонконгската финансиско инвестициска компанија Core Pacific Yamaichi International. Веднаш откако претседателот на Кина Кси Џинпин најави создавање на новиот град хотелите во трите града беа пополнети со инвеститори кои сакаат да ги откупат сите имоти, кои се продаваат во Сјунан, Жунчен и Ансин.
За два дена цената на становите е зголеменa речиси двојно. Раздвижувањето на пазарот се покажа толку брзо и силно што уште следниот ден по објавувањето на информацијата за создавање на новиот град, локалните власти ги прекинаа сите договори за недвижен имот, како што и сите агенции за недвижности привремено ги прекинаа активностите. Мораториумот на продажбата и купувањето на земјиште доведе до тоа што инвеститорите се насочија кон купување на имот во соседните три населени места.
Сјунан се предвидува да биде слободна економска зона, која ќе може самостојно да ги дефинира правилата за трговија со други земји и региони. Во ваква шема во последните неколку години се развива кинескиот град Шенжен, во кој живеат 11 милиони лица. Особениот статус не само што доведе до нагло зголемување на бројот на населението, но и кон значително поскапување на недвижностите. Така на пример, за периодот 2015-2016 година цените во секторот се зголемени за 52%.