До Велигден, Обединетото Кралство, планира да се врати во нормалниот тек на живеење

Објавено на 23 ноември, 2020 во 11:21

London fin

Велика Британија ќе се обиде од пред Божиќ да почне со вакцинации против Ковид-19, од почетокот на следната година и со масовни вакцинации, а по Велигден да се врати во нормалните текови на живеење, најави денеска британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

-Се надеваме дека од следниот месец ќе почнеме со вакцинирање, со масовни вакцинации од почетокот на следната година, во јануари, февруари и март, а по Велигден се надеваме животот да може да се врати во нормала, рече Ханкок, пренесен од британските медиуми.
Ханкок оцени дека веста за новата, 90-процентно ефикасна вакцина на компанијата „АстраЗенека“, создадена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е одлична вест.

-Нарачавме 100 милиони дози и доколку се оди според планот, масовната вакцинација ќе почне следната година, соопшти Ханкок, потврдувајќи дека ќе следат дополнителни безбедносни проверки на вакцината на „АстраЗенека“, пред да се добие конечно одобрение од регулаторното тело за ставање на вакцината во промет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.