Слаткаристика со нова песна и спот

Објавено на 25 март, 2016 во 07:06

Слаткаристика, на социјалните мрежи го промовираше новиот видео запис и сингл насловен како “Тик-Так“. Гостин на истата e најпопуларниот, истакнат артист и автор од соседна Бугарија, Криско кој за прв пат соработува со наш, Македонски артист.

Спотот е работен во продукција на Иноватива Груп, a во реализација на Флукс продукција. Текстот на песната е на Слаткаристика, а музиката и аранжманот на “Тик-Так“ ги изработиja Иван и Јован Јованови.

Новиот видео запис за песната “Тик-Так“ само по неколку часа од премиерното пуштањето на YouTube мрежата ги преплави социјалните мрежи, a публиката од Македонија и Балканот веднаш го прифати новиот дует/проект на Слаткаристика заедно со Криско. Во продолжение погледнете го новиот видео запис за песната  “Тик-так“.

Уживајте…

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.