Најдобрите божиќни пазари за 2022 година
Christmas Мarket или божиќен пазар е всушност уличен пазар поврзан со прославата на Божиќ, кој е со времетраење од 4 недели се до започнувањето на божиќната вечер. Овие пазари потекнуваат од Германија, но сега се одржуваат во многу други земји. Историјата на божиќните пазари започнува уште од доцниот среден век во германското говорно подрачје на Европа и во многу делови на поранешното Свето римско царство, кој вклучува многу источни региони од Франција. Божиќните пазари на Бауцен за прв пат биле одржани во 1384 година. Во Дрезден за прв пат се одржал во 1434 година. Франкфурт за прв пат се споменува во 1393 година, Минхен во 1310 година и Аугзбург во 1498 година. Во Австрија, Виена “декемврискиот” пазар може да се смета за претходник на божиќните пазари и датира од 1298 година.
Двaта најпосетени божиќни пазари во Германија се наоѓаат во Дортмунд со повеќе од три и пол милиони посетители, со 300 тезги околу огромно божиќно дрво високо 45 метри, а во Келн со 4 милиони луѓе. Берлин пак важи за град со најмногу божиќни пазари, брои над 70 кои се отвораат кон крајот на ноември и се затвараат веднаш по Божиќ.
Најдобрите божиќни пазари:
1. Загреб, Хрватска
Изгласан двапати по ред за “најдобар Европски божиќен пазар”, главниот град на Хрватска е сигурно најдобрата дестинација за прослава на Божиќ во Европа. Во ова време од годината магијата е насекаде во Загреб. Проверете зошто главниот град на Хрватска го посетуваат се поголем број на туристи за времетраењето на божиќниот маркет. Запознајте се со неговата идилична страна и тематските програми што се одржуваат на улиците и плоштадите околу центарот на градот. За време на божиќниот маркет, Загреб нуди посебна атмосфера која едноставно мора да се доживее. Постојано уште поголем број туристи го избираат главниот град на Хрватска како нивна дестинација во тоа време од годината, како дестинација за добра забава која ја има буквално на секој чекор. Градските улици и плоштадите едноставно ве покануваат да се придружите во пеењето и танцувањето заедно со семејството и пријателите.
2. Стразбур, Франција
Награден двапати за “најдобар Европски божиќен пазар” во 2014 и 2015 година, Стразбур е главен град на Франција за време на Божиќ. Еден од најстарите божиќни пазари во Европа, за прв пат се одржал во Стразбур во 1570 година. Со своите 300 тезги, распоредени на над 12 локации во центарот на градот, автентичноста, топлината и великодушноста на Стразбур формираат елзанска традиција која уште оттогаш успешно се одржува. Духовна околина и традиција на божиќните пазари се добро воспоставени во Стразбур. Ќе најдете широк спектар на автентични живи музички и културни настани. Тоа е совршена можност да одите на културно патување низ времето!
3. Колмар, Франција
Град каде што магијата на Божиќ може да се доживее во својата најчиста форма цели шест недели, веќе 17 години. Вашиот пат ќе биде нацртан со илуминации кои ги поврзуваат петте божиќни пазари во градот, во еден лавиринт на мали улици и наредени старо вековни куќи. Вгнездени во градските плоштади со свои посебни архитектонски карактеристики, овие острови на заедништво се како самиот град: интимни и автентични. Секој пазар е мини-село, нагласувајќи страстни и ентузијастички занаетчии. Повеќето од нив се од Алзас и се избрани заради квалитетот и уникатноста на нивните производи. Покрај тоа, вие сте поканети да учествувате во широк спектар на активности, правејќи го Божиќ во Колмар невообичаено искуство: тури, дегустации на вино, детски анимации, изложба на традиционални играчки, како и многу емисии и концерти
4.Виена, Австрија
Од средината на ноември до Божиќ, најубавите плоштади во Виена се претвараат во магични божиќни пазари. Аромата на божиќните пекари и топлите напитоци ја создаваат пред божиќната атмосфера. Еден од најпознатите божиќни пазари е традиционалниот Виенски божиќен маркет, кој го претвора плоштадот на Градското собрание во сјајна земја од бајките. Божиќни подароци, украси од дрво, слатки и топли пијалаци чекаат на вас, како и рингишпил и занаетчиска забавна божиќна работилница за деца. Дрвјата во околниот парк на Градското собрание се свечено украсени и зрачат разновидни бои. Ова виенско искуство, сигурно не би сакале да го пропуштите!
5.Прага, Чешка
Божиќ во Прага има незаборавна атмосфера. Божиќното расположение започнува со свеченото декорирање на градот во кој на многу места се одржуваат божиќните пазари. Уникатната атмосфера на средновековната централна Прага ги прави божиќните пазари на Стариот градски плоштад многу популарни. За разлика од некои поголеми пазари низ Европа, Прашкиот Божиќен пазар е некако веќе познат, што го прави целото искуство поинтересно.
6.Манчестер, Англија
Оригиналниот, најголем и најверојатно најдобриот божикен пазар во земјата, божиќниот пазар во Манчестер е идеална дестинација за празнично патување. Пристигнувајќи во градот во 1999 година, првиот божиќен пазар во Велика Британија расте секоја година се повеќе и повеќе, сега привлекува повеќе од девет милиони посетители секоја година. Околу 300 убаво изработувани тезги нудат интернационална храна, пијалаци и фино изработени украси за на елка.
7.Брисел, Белгија
Пет недели исполнети со прекрасни средби, парфеми, шарени тезги, фантастични идеи за подарок и оригинални сесии за дегустација. Радост и блескави светла, ги воведуваат посетителите во празничната атмосфера. Атрактивноста на Winter Wonders сега е легендарна, што го прави клучен настан во Брисел за време на празничната сезона. Овој непропустлив настан во голема мера придонесува и го прави главниот град привилегирана дестинација за патување. Лизгалиштето на мраз, прекрасното божиќно дрво, магичното светло и звучното шоу, свечена божиќна парада, традиционалното тркало на Ферис, детските игри… Сите овие неверојатни активности го прават овој божиќен маркет уникатен.
8.Будимпешта, Унгарија
Божиќниот маркет кај базиликата се отвара на 25-ти ноември. Веселата врева на магичниот божиќен амбиент ги чека посетителите се до 2-ри јануари.
Секоја вечер базиликата е осветлена со шарени светла, а продавачите на специјални новогодишни подароци ги поставуваат своите штандови во срцето на градот. Во бајковитите тезги на плоштадот Свети Стефан посетителите можат да ги пребаруваат извонредните производи на речиси осумдесет занаетчии. Тука ќе пронајдат уникатни рачно изработени дела од народната уметност, текстилни и кожни производи, керамика и накит, заедно со дизајнирана облека или дела на фотографи и графичари. Оваа година повторно, саемот ќе понуди спектакуларно визуелно доживување, ново, огромно 3-димензионално видео ќе ги привлече обожавателите на свечената божиќна атмосфера.
9.Талин, Естонија
Долги години жителите и гостите на Талин се воодушевени од годишниот Талински божиќен пазар. Тоа е вистинска бајковита земја. Постои висока божиќна елка на историскиот градски плоштад опкружена со мали куќички од каде што се продаваат божиќни деликатеси и домашни занаетчиски производи. Децата се пресреќни поради божиќните песни како и можноста да го видат Дедо Мраз. На главната сцена настапуваат стотици пејачи и танчери, а неверојатни ароми на печива и греано вино се рашират низ целиот плоштад.
10.Хелсинки, Финска
Божиќниот пазар во Хелсинки е срцето на божиќното искуство во Хелсинки. Сето тоа е за релаксирање, уживање во добра храна и пијалоци, поминување време со семејството и пријателите и уживање во празничното расположение. На божиќниот пазар има околу 140 продавачи во слатки мали колиби кои нудат подароци за сите вкусови, вклучувајќи ракотворби и дизајнирани предмети. Тезгите исто така имаат и традиционални состојки за божиќната маса. Рестораните нудат одлична храна и домашно греено вино и други топли пијалаци. На врвот на сето тоа, убавиот стар рингишпил е поставен повторно во центарот на пазарот